ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ГРУЕВСКИ НА ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТО

Loading...

Ѓорги Камчев е следниот кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за последните парламентарни избори што се одржаа на крајот на 2016 година. Тој би требало да влезе во Собранието во случај да му биде одземен пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, за што деновиве треба да расправа собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетски прашања, барем вака пренесува „Независен.

Независно од тоа дали надлежната собраниска Комисија ќе даде препорака за одземање на мандатот на Груевски, неговото евентуално „разрешување“ од пратеничката функција зависи од тоа дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот.

Loading...
You might also like