Кога губиш другари во војна создава помалку болка одошто кога сами те напуштаат при заедничката борба

loading...

Пред скоро време добив понуда од еден од моите најдобри другари, соработници и факултетски колеги за заеднички есеј кој треба да биде испратен до младинска невладина организација од ЕУ која организира низа активности со млади меѓу кои и публикување на нивните есеи. Отткако го видов повикот решив да соработувам и да земам учество. Договорот беше мојот другар да го направи преводот и да ја одржува комуникацијата со организаторите, додека моја задача беше да го напишам апстрактот односно пријавата за учество. Апстактот не требаше да биде подолг од 250 зборови и требаше да се однесува на тема – Твој глас, твоја Европа. Во прилог интегралната верзија на апстрактот.

„Европа е лулка на демократијата. Тоа сознание е повод за гордост кај европејците кои се творци на најрационалниот облик на државна управа. Демократијата јачи на неколку клучни вредности помеѓу кои и еднаквост во силината на политичката одлука.

Модел за носење на политичка одлука се изборите. На изборите секој граѓанин на Европа согласно приниципите на граѓанското уредување носи одлука за иднината на Европа. Во една одлука се кријат мношто визии, а нај репрезентативни мислители се секако младите. Младешкато доба е полезна за визионерство, надеж, изострено чувство на праведност и безкомпромисност. Затоа одлуката на младите како прогресив на општествена сила е релевантена.

Ние потекнуваме од Република Македонија, земја во која граѓаните ги имаат изгубено довербата во институциите и нивните претставници. Граѓаните на Македонија се убедени дека скоро ништо не се одлучува на избори. Со таа апатија се особено опфатени младите луѓе. Еден од идникаторите дека македонските граѓани ја имаат изгубено вербата во институциите беше и нивното бојкотирање на неодамнешниот референдум. Нивната одлука придонесе референдумот да биде прогласен за неуспешен поради не исполнетиот цензус. Секако таа одлука не наиде на одушевување од меѓународната заедница, а македонските граѓани беа фрапирани од фактот што амбасадори од многу европски земји земаа учество во манипулацијата со референдумските резултати и го прогласуваа за успешен.

Сите случувања на меѓународната сцена, но и во домицилен политички контекст се повод младите луѓе да стануваат аполитични и резигнирани. Младите се сведоци на сурова и неправедна политика која се коси со нивнитеидеали и утописки замисли, затоа наместо глас тие често се одлучуваат за апстиненција.“

Отткако не добив никаков одговор за тоа дали текстот му се допаѓа на мојот другар и дали би сакал да учествува со некоја забелешка до неговиот краен изглед, пробав да дознаам од него дали го превел. На тоа добив информација дека апстрактот е преведен и дека е испратен до организаторите. Отткако јас побарав да видам како изгледа преводот на апстрактот го добив следниот текст:

„Europe is the cradle of democracy. This awareness is an occasion for pride among the Europeans who are the authors of the most rational form of state administration. Democracy is made by several key values, including equality in the power of the political decision.

A model for making a political decision is the election. In the elections, every citizen of Europe, in accordance with the principles of civic arrangement, decides on the future of Europe.One decision hides many visions, and the most representative thinkers are of course the young people. Youthfulness is helpful for vision, for hope, sharp feeling of righteousness and uncompromising ethics and values. Therefore furthermore the decision/s of young people, as a progressive social force is is of great relevents for any kind of society.

We come from the Republic of Macedonia, a country in which citizens have lost their trust in the institutions and their representatives. Citizens of Macedonia are convinced that almost nothing is decided on elections. It Is  with this apathy,that young people are particularly affected. One of the indicators that the Macedonian citizens, have lost their faith in the institutions- was their boycotting of the recent referendum and their decision contributed to the referendum being declared unsuccessful due to the unfulfilled censuses.

Observing all developments on the international scene, but especially in the domestic political context, make young people become apolitical and resigned. The young are witnessing a cruel and unjust policy that conflicts with their ideals and there utopian ideas, so instead of voting they decide to abstain. “

 

Секој кој се занимава со творештво и има авторски преференци и остварување, точно знае дека во преводот се испуштени клучни реченици кои ја покажуваат критичноста на авторот и кон високите претставници на ЕУ и државите членки на ЕУ. На тоа добив објаснение дека во апстрактот што сум го пратила сум изнесувала смели изјави и обвинувања за амбасадорите од државите на ЕУ и дека ако не сум алтруистична и некалкулирам поради мојата дрскост може проектот да биде одземен а со тоа и правото неколку млади да ги посетат институциите на ЕУ во Брисел и  Луксембург.

Овој пример е јасен показател за тоа дека цензура е метода со која на широко се располага и не ми е толку проблем тоа што можев да го изгубам проектот колку што ми е проблем тоа што некој кој сум го сметала за рамноправен не се ни обидел да го испочитува моето авторство. Такви луѓе не се свесни дека ние сме автори на се што ќе кажеме и што ќе напишеме и дека доколку не сме спремни да стоиме цврство зад своите впечатои и вистини не сме ниту вредни да ги имаме. Таквите луѓе под велот на алтриузмот ја кријат вистината или својот кукавичлак да ја искажат, не сфаќајќи дека најголемата себичност произлегува токму од неговорењето на вистината. Во апстрактот што треба да прерасне во есеј прво имам слобода поради формата на изразување да изјавувам во прво лице и да ги прикажам своте впечатоци најтранспарентно. Второ во изјавата дека амбасадорите од ЕУ учествувале во манипулирање со референдумските резултати и прогласување на истиот за успешен нема никаква невистина ниту смелост. Нивните изјави се медиумски екпонирани и се јавни! Тоа драги мои се случува во секојдневниот живот и сите овие примери ви ги давам како ситуации низ кои мораме да поминеме ако сакаме да ја донесеме вистината на виделина. И да за жал нашите најблиски и најсакани некогаш ќе ни се најголем непријатели и сопирачки на тој пат. Но јас учев од Аристотел кому – драг му е Платон, но подрага му е вистината!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

You might also like