СИТЕ СЕ ИЗНАСМЕЈАА ВО СУДНИЦА! ДАМОВСКИ ДО МУКОСКИ: ДОЈДИ КРСТО ВРАТАВА НЕ СЕ ОТВАРА

Loading...

Денеска со неколку кратно доцнење продолжи судскиот процес за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Имено како што се пренесува, утрово се случил еден интересен момент. Имено на излегување на кусата пауза, неколку обвинети се собрале пред влезната врата на новиот Основен суд Скопје 1, зашто судската полиција ја заклучила од безбедносни причини.

Обвинетиот Борис Дамовски упати интересна шега на исто така обвинетиот пратеник Крсто Мукоски

„Орее Крсто дој, вратава не ти се отвора“, што беше причина неколку адвокати и обвинети да прснат од смеење.

Кога сме кај Мукоски и другите два пратеници, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ од пред една недела целосно се ослободени од притвор. Дамовски, Богдан Илиевски Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски, сѐ уште се во куќен притвор.

Loading...
You might also like