За да не им бидат одземени мобилните телефони, затвореници во Идризово предизвикале пожар и поплава

Loading...

Пожарот во затворот „Идризово“ кој се случи во понеделникот го предизвикале затвореници, за да не им бидат земени мобилните телефони од затворската полиција, соопштија денеска од Управата за спроведување на санкции.

Вечерта околу 22 часот директорот на затворот дал наредба да се изврши претрес во ќелиите оти имале информации дека затворениците нелегално поседуваат мобилни телефони. Тие откако почнал претресот, покрај што предизвикале пожар, ги кршеле и водоводните цевки па се направила и поплава.

loading...
You might also like