РУСКИ ИСТОРИЧАРИ И ЕКСПЕРТИ – ОВА ШТО СЕ ПРАВИ НАД МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ Е СРАМ ЗА ПЛАНЕТАТА

loading...

Георгиј Енгелхарт, руски историчар и балканист, гласањето во македонското Собрание за отворање на Уставот за промени во согласност со Преспански договор го оценува како нешто невидено во Европа во последните десет години.

Научниот соработник на Институт за словенски студии при Руска академија на науките (РАН) очекува уставните измени да бидат усвоени во следните неколку месеци, и покрај противењето од ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот Ѓорге Иванов, за кој смета дека повторно ќе стави вето и повторно ќе биде заобиколен и тој и волјата на народот изразена преку бојкотот на реферндумот од 30 септември. Историчарот, сепак, не очекува масовни немири на улиците на македонските градови, бидејќи настаните се случуваат многу брзо.

You might also like