Косовски пратеници на ТВ дебата размениле ставови, а потоа и тупаници (ВИДЕО)

Loading...

Двајца опозициски пратеници, Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), се степале синоќа по завршувањето на дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, во која учествуваа како гости, јави МИА од Приштина.

Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко изјавил дека немало физичка пресметка туку само вербален конфликт, додека Красниќи не одговорил на повиците.

Водителот на емисијата Адриатик Келменди исто така изјави дека во емисијата во живо, посветена на дијалогот со Србија, не се случило ништо невообичаено.

loading...
You might also like