Ако имате 64 години и еден ден стаж, од државата ќе добивате 100 евра месечно

loading...

И покрај тоа што нема да има зголемување на старосната граница за пензонирање, од Министерството за труд и социјална политика најавуваат дека ќе има реформа на пензискиот систем.

Со реформата покрај тоа што ќе се решава растечкиот дефицит во Фондот на ПИОМ, предвидено е и воведување на државна социјална пензија.

Социјалната пензија ќе им следува на граѓаните кои имаат 65 години возраст, 15 години живеалиште во Република Македонија и еден ден стаж.

Според проценките, ваква пензија би можеле да користат околу 6.000 лица.

Висината на пензијата ќе биде 40 проценти од просечната исплатена пензија во Република Македонија.

Тој износ во моментов изнесува околу 5.800 денари.

You might also like