ЗДРАВКОВСКА: СО НОВИТЕ ДАНОЦИ КЕ БИДЕ ЗАСЕГНАТО 20% ОД НАСЕЛЕНИЕТО

Loading...

Ако советниците и експертите кои го осмислувале прогресивното оданочување, но и оданочувањето на дивидени, камати и кирии во Македонија (во оваа фаза на развој)… ги прашате како да се зголемат приходите во економијата единствен предлог или идеја што можете да ги слушнете од нив е дека мора да се зголеми оданочувањето.
Никогаш, ама никогаш од нив нема да слушнете идеја како да се создаде нова вредност, нови фирми, како да се зголеми вработеноста, инвестициите, извозот… оти едноставно никогаш не ни создале нешто самите и секогаш биле на плата од државата или добивале “заслужен” надомест од членство во управни и надзорни одбори по државни институции.

Кога единствен аргумент за одбрана на зголемување на даноци е дека само 1% од вработените ќе плаќале по незначителни 20 до 30 евра месечно повеќе и дека тоа најчесто биле самите газди, без притоа да се даде било каква анализа за импликациите, како и информации за тоа како ќе се трошат собраните пари, повеќе од јасно е дека нема никаква економска логика зад сето ова.

Уште повеќе што намерно или не, некој се обидува да го преќути фактот дека со ова даночно зафаќање ќе бидат засегнати не само 1% од вработените, туку 20% до 30% од населението, бидејќи се зголемува и оданочување и на дивиденди, камати, кирии…
А во исто време не се кажува ниту збор зошто не се “чепкаат” тие 450 милиони евра кои секоја година непродуктивно се трошат и се одлеваат од буџетот, превработеноста во јавната и локалната администрација, бројните новоформирани агенции и јавни претпријатија кои се измислија во изминатите 10 години…

Билјана Здравковска фб статус

Loading...
You might also like