Мартин Џон: Лага е дека комунистите не ослободиле, напротив Бугарската армија ја ослободи Македонија

loading...

Статус на Мартин Џон:

“Вистината за 11ти октомври!

На 4-ти Септември 1944 година Бугарија е окупирана од СССР. Пет дена подоцна на чело на земјата е поставен рускиот послушник Георги Димитров. Иако на 26 Август 1944, бугарската влада на чело со Иван Багријанов, го напушта пактот со Хитлер, Москва сепак одлучува да ја завземе Бугарија.

Одприлика во тие денови, кога Бугарија ја менува страната во војната, македонските партизани почнуваат да се симнуваат во градовите, и некои свесно, но некои и несвесно, го помагаат превземањето на Македонија од страна на белградскиот марионет Лазар Колишевски. Кај нас овој настан, и инсталацијата на еднопартискиот систем, сеуште се нарекуваат „ослободување“ што е крајно погрешно, имајки во предвид дека Македонија ни ден денес не е комплетно слободно општество, согласно стандардите кон кои се стремиме.

Македонските партизани во Скопје се симнуваат цели два месеци подоцна, на 13 Ноември, после битката на Страцин и Пчиња на крајот на Октомври и почетокот на Ноември 1944 година. Тогаш комплетно се поразени преостанатите германски сили во Македонија. Но целиот товар на борбата против Германските војски го носи Бугарската Армија после превратот и се бори со силите на Вермахтот . На кратко Бугарските војски ја ослободуваат Југславија од германската чизма .

Југословенската историја вели дека на Страцин победила 11 македонска бригада против бугарските сили, што е голема невистина. Вистината е дека тоа е најголемата битка на македонска територија во поновата историја, водена е меѓу бугарската војска под команда на советскиот генерал Фјодор Толбухин и германскиот вермахт од друга страна.

Во таа битка гинат над 9.000 луѓе, претежно припадници на 1 и 3 Бугарска Армија.
Сета моја почит кон припадниците на 11 македонска бригада. Тоа се луѓе кои навистина се бореле против фашизмот на овие простори. Многу од нив и погинале, и сосема заслужено имаат свои спомен обележја. Тој партизански гест е за почит, но не и системот кој го инсталирале подоцна. Ама 11 македонска бригада, биле неколку стотини луѓе, лесно вооружени, со многу скромна логистика, и којзнае дали воопшто имале некаква воена обука.

И 11та македонска бригада и било кои партизански единици со Таквите сили немале никакви шанси против армијата „Е“ на германскиот вермахт, која била окупатор од Скопје до Солун, а која само на територија на Скопје и Куманово имала преку 200 тенкови, воена авијација, бааги тешка артилерија, а за жива сила да не зборуваме. Две македонски бригади, составени од лесно вооружани герилци, немале НИТУ ТЕОРЕТСКИ шанси да се борат против таква сила.

Таква сила имал некој сосема друг. Последниот воен удар врз германците во Македонија е нанесен на 10 ноември 1944 година покрај реката Пчиња, од страна на бугарската армија на чело со Толбухин, која во таа битка учествува со 7, 8, 9 и 11-та оклопно-механизирана дивизија, родопските пешадиски дивизии и падобранските единици…и сето тоа со огромна помош на сојузничките бомбардери на САД и В.Британија.

Ете така е победен фашизмот во Македонија, и со таа победа Јосип Броз нема никаква врска, ниту пак резолуциите од неговиот АВНОЈ. Значи идеата според која Броз бил заслужен бидејки денес сме имале држава, нема никаква врска со реалните случувања на овие простори. Тоа е обичен (нео)југословенски мит.

Комплетно цела југословенска исторографија за периодот 1941 – 1944 е крајно невиситинита . Историјата конечно мора да се погледе објективно . Македонците се бореле во таа светска војна не како комунисти или за некоја социјалистичка ревоулуција туку како родољуби .

Така и 11 октовмри е еден настан фабрикуван од страна на југословенската митологија . На тој ден во прилеп , еден локален бандит Душко Наумоски мегу прилепчани познат како локален арамија , деликвент од зад грб го убива Прилепчанецот татко на три деца кој бил на постот пред участоток како полицаец . Од тој вандалски чин не може да се прави мит а најмалку празник . Само тоа е резултат на 50 годишното едноумие .

Ако анализираме каков репресивен диктаторски комунистички режим инсталирале подоцна удбашките кучиња како Лазар колишевски, од денешен аспект е голем срам да се слави таков ден. После 11 октомври во Македонија немало слобода туку комунистички режим преку кој се товеа оние илјадници крлежи така наречени “борци” и кои земаа по 1500 марки “боречки” пензии а всушност беа удбашки слуги. Пензиите си ги делеа фамилијарно и партиски .

Јас, дури сум жив ќе бидам крвен непријател на се што смрди на комунизам и на комунистички и удбашки сатрапи и џукели не оддавам почит. Не може да оддаваме почит на убиените младинци ,петте струмички студенти и илјадниците други жртви на комунизмот и истовремено да славите некаков партизански испрдок на 11 октомври.”

You might also like