НАЈАВА ЗА НОВИ НЕМИРИ? 2000 ГРЦИ ТРГНУВААТ ЗА АЛБАНИЈА НА ПОГРЕБОТ НА УБИЕНИОТ ГРК

loading...

Телото на 35-годишниот Константинос Кацифас, кој беше убиен во престрелка со албанската полиција (RENEA) минатата недела, утре ќе му биде вратено на семејството.

Грчки медиуми предупредуваат дека во Албанија се очекува да патуваат повеќе од 2.000 луѓе за да присуствуваат на неговиот погреб во селото Буларат, на југот на Албанија или Северен Епир како се нарекува во Грција.

„Над илјада жители на северен Епир се подготвуваат да одат во Буларат на погребот на Кацифас, кој се очекува да се претвори протест, по влошената клима со грчкото малцинство во Албанија“ пишува приштинска „Газета експрес“.

You might also like