Ниту еден Ром, Србин или Бошњак во советот на министерот за култура

Loading...

Во Советот за култура на министерот за култура Асаф Адеми, има 15 советници од кои 7 се Албанци, 7 се Македонци а еден е Турчин.

Меѓу членовите на советот нема ниту еден Ром, Бошњак или Србин, ниту припадник на некоја од другите помали заедници.

Со телото раководи Албанец, професорот Исмаил Барди а другите членови на Советот се: Ѓунер Исмаил, професор по филозофија, проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Петар Арсовски, дипломиран актер, проф. д-р Владимир Милчин, професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ (во пензија), м-р Весна Илкова-Гиновска, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ и првенец при Операта на МОБ, Зоја Бузалковска, професор, Ариф Зибери, уметник музичар, Антон Серечи, новинар публицист, Ромир Имами, уметник, Али Пајазити, професор по филозофија, Неџбедин Бајрами, филолог, Мируше Хоџа, филолог, д-р Александар Прокопиев, професор по компаративна книжевност и Јован Балов, ликовен уметник кој што живее и работи во Берлин.

loading...
You might also like