ЌЕРКАТА НА ЗАЕВ ВО ДУХОТ НА ХУМАНОСТА ЌЕ ЧЕКОРИ НА МОДНА ПИСТА

Loading...

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, ќе зачекори на модната писта во знак на поддршка на лицата со попреченост, на хуманитарниот настан во организација на здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица пишува Фокус.

Настанот ќе се случува во хотел Вила Парк во Струмица на 2 декември, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, а од организацијата веќе го потврдија учеството на Александра, која е ученичка во четврта година во СОУ Јане Сандански.

Loading...
You might also like