ЖЕСТОКА ДЕБАТА! Стевананџија до Богоевски: Во исти вакви околности, ти и твоите шарени револуционери гушкавте дрвја барајќи чист воздух, денеска не гледам ваше учевство на такви протести

loading...

И те тоа како протестиравме против пресечените дрвја. Ние протестиравме бидејќи требаше да се задоволи нивната желба за барок. Се изјаснив со поддршка за активистите и побарав од Марин да ја спречи изградбата на тие објекти.

Ги поддржувам сите протести кои што се во насока на здрава животна средина. Јас се изјаснив јавно дека Марин треба да си го исполни предизборното ветување, тој став го изнесов пред тој да ја издаде времената наредба за запирање на изградбата, рече пратеникот од СДСМ Павле Богоевски во гостувањето на „Само вистина“ на Канал5 на прашањето за изградбата на зградата во Аеродром.

На прашањето дали со транспарент ќе им се придружи на протестантите на следен протест, Богоевски рече дека не би имал проблем со тоа доколку истиот нема обврски како пратеник во највисокиот законодавен дом Собранието на Република Македонија.

You might also like