Миле Јанакиески за религиозна директорка: Оваа е ненормална, поважен и е господ од партијата

Loading...

Обвинетиот Миле Јанакиески му се жали на соговорник дека некоја директорка била ненормална оти не можела да дојде да координира деца без родители да гласаат со образложение дека постела. Во прислушуван разговор, пуштен на денешното судење за обемниот предмет на СЈО „Титаник“, Јанакиески вели дека на директорката ѝ бил поважен Господ од партијата, информира СДК.МК.

„Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му се жали Даниела Рангелова на обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.

Loading...
You might also like