РИЈАНА ЛУТО ДО ТРАМП: ДА НЕ СИ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ПУШТИШ МОЈА МУЗИКА УШТЕ ЕДНАШ

Loading...

Уредникот на „Вашингтон пост“, Филип Ракер, на Твитер напиша дека на собир на Доналд Трамп била пуштена песната на Ријана „Don’t stop the music“.

– Додека се слуша Ријана, волонтери фрлаат бесплатни маици на Трамп во насобраните. Сите ги обожаваат – опишал уредникот.

Триесетгодишната пејачка во реакција на неговата објава возвратила со барање да се престане со пуштање нејзина музика на собирите на Трамп.

– Нема да ја слушате (музиката) уште долго. Бидејќи јас и мојот народ никогаш не сме биле на ниту еден од тие трагични собири – возвратила Ријана.

Loading...
You might also like