ЌЕ НЕ ПОМИРУВА ПРАТЕНИЧКАТА КОЈА ГЛАСАШЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Loading...

Во Собранието се формираше меѓупартиското парламентарно тело за помирување. Во телото ќе членуваат потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, како и пратеници кои не се во пратеничка група, а претставник треба да одредат поголемите пратенички групи, оние на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со коалициите, информира порталот СДК.МК

Како што пренесува СДК.МК со телото нема да претседава претседателот на Собранието Талат Џафери, како што беше првично најавено, туку ќе има двајца копретседавачи, потпретседателката на Собранието Фросина Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, која претходно поради гласањето за пристапување кон уставни измени, беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски не присуствуваше на денешната координацијата, бидејќи партијата не го признава Џафери за претседател на Собранието.

loading...
You might also like