ГЕРОСКИ ТВРДИ ДЕКА ЗАПАДНА АМБАСАДА ГО СЛЕДЕЛА МИЦКОВСКИ ПА ПОСЛЕ ТОА БИЛ ПОВИКАН НА РАЗГОВОР ПОРАДИ БЛИСКИ ОДНОСИ СО ГРЦИТЕ?

Loading...

Главниот уредник на весникот Слободен Печат и координатор на порталот Плусинфо, Бранко Героски обвини една западна амбасада во Скопје дека следела и фотографирала лидер на важна опозициска партија во Македонија.

Тој во пост на Фејсбук со наслов ,,ЕДНО НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ” прашува дали е точно дека неименуван партиски лидер на партија што не е на власт во западна амбасада бил прашан дали се среќава со Груевски а кога одговорил негативно нему му биле покажани фотографии од таква средба.

“Дали е вистина дека лидерот на една важна опозициска партија бил примен во една западна амбасада, каде што, откако го прашале дали се среќава со Груевски (а овој како од пушка рекол „не“), му покажале слики од средбите и му рекле – дечко, ај ој си сега, средбата е завршена?!
Така имам чуено, ама не сакам да верувам дека некој можел така да се изглупира…”.

Loading...
You might also like