ДУИ ЌЕ БАРА ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛБАНЕЦ?

Loading...

На следните претседателски избори ДУИ ќе бара консензуален претседател, најави лидерот Али Ахмети.

„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети во гостување на ТВ Клан Македонија.

Ахмети вели дека веќе има и имиња за кандидат, но с’е уште е рано да се зборува за тоа.

„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

Loading...
You might also like