Бугарија ке ни ја смени цела историја, доставила барања на над 30 страници со кои ќе се менуваат учебниците?

Loading...

угарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки.

Захариева вели дека иако бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна.
Таа посочи дека комисијата секоја година до владите на двете земји ќе треба да доставува извештај за сработеното. За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани, личности, кои би требало заедно да се чествуваат.

loading...
You might also like