ДАЛИ ГРУЕВСКИ ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА?

Loading...

Откако во текот на вчерашниот ден поранешниот премиер Никола Груевски не се појави во истражниот затвор „Скопје“, се појавија шпекулации дека можеби е во бегство.

Од вчера му се губи трагата, односно во неговиот дом во неколку наврати не успеале да го најдат судските доставувачи, а Груевски не е достапен ниту на својот мобилен телефон. Тој од 6 ноември не е активен ниту на социјалната мрежа фејсбук.

Засега е нејасно дали со него е обезбедувањето кое 24-часа му е на располагање од МВР, привилегија која законски му следува како поранешен висок функционер.

Loading...
You might also like