Се разгорува состојбата меѓу грците и албанците? Војна на повидок?

loading...

Грчките власти ги презедоа сите потребни чекори за да се утврди што точно се случило кога станува збор за смртта на грчкиот државјанин во Албанија, изјави денеска портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

Тој објасни дека грчките власти се во контакт со албанските власти и истакна дека никој не треба прерано да извлекува заклучоци, пренесува АМА.

Ѕанакопулос исто така, ја повика Албанија на смиреност и избегнување на агресивност во момент кога млад човек го загубил животот, наведува грчката

Албанската полиција вчера го уби Гркот кој пукал откако полицајци го симнале знамето од гробиштата од Втората светска војка во селото Буларат, недалеку од границата со Грција, што предизвика остра реакција од Атина.

Албнските медиуми објавија дека е убиен Константинос Кацифис (35), кој пукал од калашников брз албанските полицајци кои го симнувале знамето.

Инцидентот се одиграл во албанското село Буларат, во кој во мнозинство живеат Грци кои ја одбележувале годишнината од влегувањето на Грција во Втората светска војна, на 28 октомври 1940 година, пренесува Катимерини.

You might also like