На денешен ден македонските „Лавови“ на кукавички начин беа фатени во заседа

loading...

При обезбедување на ископувањето на масовната гробница кај Требош, Тетовско, подмолно и кукавички од заседа беа убиени тројца наши чеда Бранители, припадници на единицата ЛАВОВИ:

– ДРАГО МАНЕВСКИ (†35) од с. Марино, Скопско. Тагува семејството Маневски по својот домаќин, татко и син бранител на својата татковина. Село Требош, Тетовско беше последното место по кое шеташе и бдееше Драго, носејќи ги во своите мисли ќерките И. и А., на тогаш 11 и 4 годишна возраст коии останаа грижа на сопругата Соња. Загина од злоделата на албанските терористи во 35 година од животот кој колку и да беше суров и неизвесен сепак секој го минуваше според сопствените услови. На 11 ноември 2001 година судбината сакаше родителите Станојко и Милевка од с. Марино да ја слушнат трагичната вест – загина Драго и за да вечно сведочи колку е сурова вистината и колку е скапа слободата.

You might also like