СО РЕБАЛАНСОТ КЕ СЕ ПОДМИРАТ И СМЕТКИТЕ ПО КАФАНИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ?

loading...

Парите од ребалансот што ќе ги добијат општините нема да го решат проблемот со долговите туку ќе се создаде комплетна блокада при носење на буџетите за следната година. Опозицијата жестоко реагираше на денешната комисија за финансирање и буџет на која се расправаше за измените во законот за финансиска поддршка и планирање на буџетите на општините кои се носат по скратена постапка. Побараа 50-те милиони евра од ребалансот да се поделат по фер критериуми, а не да се користат за покривање на кафански сметки на неспособни градоначалници пишува Телма.

„Сменете го законот, 5о милиони евра, да им ги дадеме по фер критериуми, по број на жители, населени места, конкретни проекти, а не за кафански сметки. Не знаете како да ги потрошите парите од нереализираните капитални инвестиции и правите хаос за да се покриете“, кажа Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

You might also like