ТОП 20 ПРАТЕНИЦИ КОИ СЕ БОГАТЕЛЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА ДОДЕКА СЕ ЗАНИМАВАВМЕ САМО СО БОНЕВА

Loading...

Додека граѓаните на социјалните мрежи се занимаваа со експратеничката Силвана Бонева, која „како со автомобил од вселената да патувала кон Собранието“, другите пратеници продолжиле да си наплаќаат големи суми за превоз и патарини од законодавниот дом. Ако се разгледа списокот на топ-20 пратеници за 2017 година, на него се наоѓаат десет пратеници на СДСМ, осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, еден пратеник од Алијансата за Албанците и еден од ПЕИ.

Рекордер е стружанецот Алија Камбероски од Партијата за европска иднина (ПЕИ) кој за само девет месеци, односно од март до ноември минатата година, од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци. Ова значи дека во просек, само за патот до Собранието и назад, месечно добивал дополнително по 1.427 евра. На второ место е пратеничката на СДСМ, битолчанката Мира Стојчевска која за овие девет месеци добила 11.736 евра, а на трето место е стружанката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која зела 11.435 евра, открива Макфакс во текстот „Пратениците и лани зеле по 10-12 илјади евра за патни трошоци“ објавен деновиве.

Според пресметките на „Макфакс“ добиени преку барања за слободен пристап до информации, превозот и патарините на пратениците лани го чинеле државниот буџет приближно 465 илјади евра, без јануари, февруари и декември. Тоа значи дека по педесетина илјади евра месечно биле исплаќани само за оваа намена

loading...
You might also like