Димитров со ултиматум до Путин: Оставете ја на мира Украина ако сакате да соработуваме?

Loading...

Членството на Македонија во НАТО не подразбира лоши односи со Русија, порача македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, додавајќи дека предуслов за соработката се почитувањето на територијалниот интегритет и враќањето на мирот во Украина.

„Да се ​​биде дел од НАТО не мора да значи лош однос со Москва“, изјави Димитров, а на барањето да објасни што сакал да каже со тоа, тој одговори: „На долг рок ние мораме да ги надминеме тензиите меѓу Русија и Западот и повторно да соработуваме со Русија. Секако, предуслов е да се почитува територијалниот интегритет и да има мир во Украина. Ние Европејците имаме потреба од подобар долгорочен однос со Русија. Членството во НАТО не значи да се биде против Русија засекогаш“.Димитров и порача на Русија: Мирот и територијалниот интегритет на Украина предуслов за соработка со Русија!

Loading...
You might also like