ЕВЕ НА КОЈ НАЧИН ИВАНОВ МОЖЕ ДА ГО ПОМИЛУВА ГРУЕВСКИ

Loading...

Се уште е неизвесно дали поранешниот премиер Никола Груевски денеска сам ќе отиде во истражниот затвор “Скопје”, или пак од утре по него по налог на судот ќе трага полицијата.

Груевски може да куртули од затвор доколку Врховниот суд, каде што има поднесено молба за одложување на издржувањето на казната истата ја прифати. Сепак оваа процедура би траела дваесетина дена,  бидејќи Врховниот суд се уште не го добил предметот од Кривичниот суд, за да може да одлучува.

Последна сламка за спас на Груевски би му бил и претседателот Ѓорге Иванов, кој може да го помилува пишува Фокус.

Сепак наместо Груевски, молбата може да ја поднесе неговата сопруга, Боркица, роднина по крв во прва линија,  на пример Сашо Мијалков, како и брат, сестра, посвоител, посвоеник, хранител или старател, односно неговата мајка Нада Груевска.

loading...
You might also like