ЕКСПЛОЗИЈА!! ГРУЕВСКИ ПОБЕГНАЛ?

loading...

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во својата колумна за „Цивилмедиа“ тврди дека осудениот поранешен премиер Никола Груевски е избеган надвор од Македонија, најверојатно во некоја егзотична земја.

„Никола Груевски си замина од веројатноста дека наскоро ќе го видиме во Шутка. Да, де, човекот побегна.  Една теорија вели дека веќе е на пат за Белизе, со нивен пасош в џебот: пасошот е светло син, со голем златен накитен грб на него, а бидејќи Белизе е членка на карипската заедница, без виза можете да патувате во Мексико, Хондурас, Гватемала, Велика Британија, Салвадор, Коста Рика… Убавини! За да добиете таков пасош, ви требаат две препораки од Белизенчани (така ли се викаат?), а меѓу оние (постои овластена листа!) кои можат да ви издадат таква препорака се и лиценцирани учители, адвокати, лекари, религиски водачи… Најубаво од сè: доколку ве фатат дека сте лажеле во апликацијата, казната е 500 факинг долари, или година дена тамошен затвор со поглед на море – наспроти погледот на џамијата на Амди Бајрам, овде!“, напиша утрово Ордановски, чија цела колумна може да ја прочитате на „Цивилмедиа“

Од Груевски нема ни трага ни глас повеќе од три дена, додека судот го бара да му го врачи решението за издржување на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

You might also like