КЕ БИДЕ РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА? ГРУЕВСКИ ПОВТОРНО НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ЗАТВОР

Loading...

Затворот „Скопје“ од Шутка, кај што треба експремиерот Никола Груевски да ја одлежи двегодишната затворска казна, го известил утринава Основниот суд Скопје 1 дека осуденото лице не е појавило доброволно во установата во законскиот рок.

Според законската процедура, ова е еден од условите кога надлежниот суд, во случајов Кривичниот суд, може да бара распишување потерница по Груевски.

Утринава од судот за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека денеска ќе се направи уште еден обид да му се врачи решението
До крајот на работниот ден судот рече дека ќе извести за исходот од последниот нивен обид за врачување на решението и за натамошните постапки во однос на Груевски, кој во петокот три пати не беше најден на адресата од лична карта од судскиот доставувач.

Loading...
You might also like