Професорот Милчин распали: Изгазени се надежите на мнозина што се бореа за уривање на аждеризмот на Груевски

Loading...

Вие бевте на самиот фронт во борбата против македонскиот тоталитарен змеј, овде наречен „груевизам“, а и по неговиот формален пад, продолживте со жестока критика на сè што Ви асоцираше на неговиот опстанок, во разни форми. Дали се чувствувате изневерени по Вашата жестока борба за повисоки идеали, стандарди, демократија, правна држава? Дали го убивме „Аждерот или само бевме наивни?

– Аждерот падна, аждеризмот преживеа. Тој има повеќе од една глава. Неговата жилавост е фрапантна, ужаснува леснотијата со која ги купува луѓето и ги обезличува. „Ако му го пресечеш телото на половина, човекот ќе цркне. А ако му ја пресечеш душата – ќе стане послушен и толку. Души без раце, души без нозе, глувонеми души, ситни души, лигави души, проколнати души, запуштени души, продадени души, изгорени души, мртви души“, вели Шварцовиот Аждер. Да, бевме и наивни. Изумивме дека револуциите најчесто завршувале со реставрација на стариот режим и дека дел од револуционерите завршуваат во фотелјите на новиот режим и учествуваат, активно или пасивно, во погребувањето на идеалите за кои се бореле. Дали се чувствувам изневерен? Не, се чувствувам изигран. И не сум единствениот, но тоа не е никаква утеха. Напротив. Загрижувачка е леснотијата со која беа изгазени надежите на мнозина што се бореа за уривање на аждеризмот на Груевски. Тој аждеризам е сè уште жив, не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во СДСМ, сега засилен со пребеганите конвертити и клиентелисти. Не верувам дека во догледно време одново ќе се акумулира енергија со која ќе се бара правда и пристоен живот. Живееме во време на граѓанска апатија. Отворен е патот за триумфот на омразата.

Целото интервју ТУКА

loading...
You might also like