Дијаспорец од Канада смета дека новинарите требало да го најдат Груевски, да истражеле дали неговите деца одат на школо и Боркица на работа?

loading...

Би сакал сега НОВИНАРИТЕ да не чекаат пред своите компјутери вести на коишто ќе им прават copy-paste и да не чекаат официјални соопштенија, туку да се обидат да дојдат до одговори на многуте прашања што јавноста ги поставува на социјалните мрежи…

Каде е семејството на Никола Груевски?
Оди ли Боркица на работа?
Одат ли децата во училиште/градинка?
Оди ли мама Нада на пазар?
Каде се телохранителите?

Нека ми извинат многуте пријатели новинари, но овде во Канада за најмногу 60 минути би ги имале одговорите на сите овие прашања…

Сигурен сум и дека полицијата знае некои работи за коишто во оваа фаза не е во можност да ја информира јавноста… Јас би им оставил простор од барем ден-два… Да не избрзуваме со заклучоци!

You might also like