Јанушев: Ми бараа да го отворам гепекот, ова трагикомично

Loading...

На прес конференција, Игор Јанушев, генсек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека проверката на багажниците на возилата е полициска бруталност. Ги пренесуваме изјавата и одговорите на новинарските прашања, што ги објави прес центарот на партијата:

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата во најмала рака ќе биде трагикомично. Ова што вечерва се случува е дно! ВМРО ДПМНЕ е под полициска опсада! Членови на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници! Никогаш, ама никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозицијата. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели! Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Заев.

loading...
You might also like