Заев: За уставните измени се обезбедени 76 пратеници, фалат уште 4ца

Loading...

Заев во емисијата „24 отворено” потврди дека има 76 гласови, но се надева дека за уставните измени може да има и повеќе од 80 гласови. Според него, многу од нив знаат дека оваа шанса за евроатлантски интеграции не треба да се испушти и дека наредната шанса може да се дојде многу години подоцна.

„Законот за амнестија е донесен делумно и со цел за да успее процесот на уставните измени, но и за помирување кое ѝ било потребно на државата“ – потенцираше Заев  „Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Но, законот е и за да се постигне помирување. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека гласаа за отварање на процесот за да дадат шанса, а потоа ќе одлучат дали ќе гласаат за уставните измени. Тоа го кажаат транспарентно. Дали ќе имаме 80 гласови за уставните измени ќе знаеме на самиот ден на гласање, на деветти јануари, во моментот на гласањето”  истакна Заев.

Извор 24 Вести

Loading...
You might also like