До смрт исплашените од Мијалков и милионерки од СЈО не убедуваат дека ќе ја врателе довербата?

Loading...

Обвинителката за случаите со прислушкуваните материјали, Ленче Ристоска, во разговор за Дојче Вели признава дека Специјалното јавно обвинителство во последно време има намален рејтинг кај граѓаните, но и додава дека истото повторно ќе ја врати својата најголема доверба во јавноста.

– Лично сметам дека падот на довербата во СЈО е последица на повеќе околности од кои дел се поврзани со општествено политичките случувања во земјата, а се доведуваат во корелација со работењето на институциите на системот. Се надевам дека во периодот што следи СЈО ќе успее да ја врати довербата на граѓаните, бидејќи довербата на граѓаните во институциите е од суштинско значење за унапредување на состојбите во нашето општество, вели Ристоска.

Loading...
You might also like