Сите оние против кои жестоко се боревме и понатаму добиваат тендери и живеат од наши пари

Loading...

Каков парадокс! Сите оние против коишто жестоко се боревме, освен што ја напуштија власта, влакно не им фали. Наместо да скапуваат во затвор и да ја обештетат државата за безмилосното крадење и останатите кривични дела, тие се сега, замислете, привилегирани. Не само што се слободни граѓани туку и власта ги наградува со тендери и субвенции. Тие и понатаму ќе живеат од нашите пари. Очигледно, нашите пари можат да бидат сечии, само не наши. Ние и понатаму ќе мизеруваме. Ниту еден успех на надворешен план нема да го смали револтот поради тоа што го одржувате во живот довчерашниот непријател. Ова ли е помирувањето? Не верувам дека народот лесно ќе се помири. Тоа јасно ќе го видите на следното гласање. Ќе мора вие да се помирите. Затоа што неказнивоста што ја промовирате ве прави соучесници во злоделата. Прокоцкавте златна шанса којашто никогаш повеќе нема да ја имате. Во целава рапсодија не лицемерие и лаги, едно е сигурно: нема спас од македонскиот самоуништувачки ген. Правната држава е одамна мртва. Сега, ја закопавте

loading...
You might also like