Таткото на монструмот од Србија: Со десетки го заврши факултетот, да се сретнеа на друго место, верувам би биле пријатели

Loading...

Бојица Ѓуровиќ, таткото на убиецот на студентот Милош, вели дека неговиот син со десетки го завршил факултетот и оти да се сретнеле на друго место со убиениот, верува оти би биле пријатели, пренесува „Курир.рс“.

Според неговите зборови, во петокот му се јавил директорот на фирмата во која убиецот работел, му кажал дека неговиот син чудно се однесува и дека сака да даде отказ.

– Беше активен на социјалните мрежи и често бурно реагираше на неправда и навреди. Знаеше по цела ноќ да не спие. Така било и таа ноќ, но што правел на таа улица, не знам. И тој имал посекотина на раката и по злосторството отишол кај својата тетка во Миријево. Тој рекол дека се исекол на мразот – рекол таткото.

Loading...
You might also like