Харадинај: Косовската Влада можно е да падне

loading...

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека владата на чие чело е тој би можела да падне до крајот на оваа недела поради притисокот да се укинат таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина.

„Ова е моето прво интервју за вас, но не знам дали е и последно во својство на претседател на владата“, рече Харадинај во емисија за „Сири.нет“, пренесе „Косев“.

Харадинај нагласи дека не се согласува со Америка и меѓународните гаранции не може да го заштитат Косово од агресијата на Србија. Додаде дека не се плаши од избори до кои може да дојде набргу поради повлекувањето на Кадри Весели од владејачката коалиција.

You might also like