Заев: Ќе го поништиме конкурсот за поделба на пари од Министерството за култура

Loading...

Премиерот Зоран Заев вечерва даде изјава дека дел од спорниот Конкурс за поделба на пари од Министерството за култура ќе биде поништен.

loading...

-Смешно и трагично е ако ви кажам дека ниеден документ по протокол нема доставено Џез фест, а го молеа. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата. Но за сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена – вели премиерот Заев.

Тој со ова вели дека сака да испрати порака до јавноста дека граѓаните се слушнати.

-Постоиме за граѓаните – истакна Заев.

Оваа негова изјава доаѓа откако Министерството за култура одлучи дека реномираниот Скопски џез фестивал оваа година нема да добие државни пари. Покрај Скопскиот џез фестивал, пари нема да добие ни Оф-фест, а и буџетот за Таксират е видно намален.

Најмногу пари годинава од музичката сфера има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“, додека „Таксират“ доби само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари.

Од Скопскиот џез фестивал реагираат на објавувањето на резултатите од Конкурсот за проекти од национален интерес на Министерството за култура за 2019 година.

Loading...
You might also like