Груевски повторно се појави: Разочаран сум од многу што ги сметав за пријатели

loading...

Поранешниот премиер Никола Груевски во интервју овој пат за порталот Инфомакс,  открива дека два ипол месеци пред да побегне од земјата ги повлекол сите пари од неговите сметкии во банките во Македонија зошто се спремал за затворска казна.

– Парите ги извадив за да преживувам зошто во затвор не ти поминуваат картички, вели Груевски.

Груевски тврди дека никој ни од власта ни од неговите не му помогнал туку дека само добил совет од судија кој не сака да го именува кој преку заеднички пријател му пренел дека не му е јасно зошто седи и не бега кога е јасно дека, според него, немал направено никаква злоупотреба или криминал, но под директива на власта и Заев ке биде осуден.

Разочаран бил од многу кои ги сметал за пријатели и тврди дека воопшто не се мешал во изборот на неговиот наследник.

You might also like