Димитров и Пендаровски во мртва трка за Претседателски кандидат

Loading...

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се имињата кои доколку утре се одржат претседателските избори би добиле најголема поддршка од граѓаните. Заев котира со 12,7 процетни, а втор е Мицкоски со 7,8. Ова го покажа најновата анкета на Телма, спроведена од М Проспект од 15 до 30 јануари, на репрезентативе примерок од 980 испитаници.

Но фактот дека и двајцата партиски лидери нема да се кандидираат за претседател, на чело го исфрла Никола Димитров, со 6,9 процент, а веднаш зад него е Стево Пендаровски, со поддршка од 5.8. Следи Зијадин Села со 5,4 проценти, потоа изедначени со 4,2 проценти се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани. Од имињата кои досега се споменуваа како можни кандидати – Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, а Гордана Силјановска Давкова 1,3. Оливер Спасовски доби само 0,9 проценти. Треба да се напомене дека анкетата е правена пред да биде појасна сликата за тоа кои би биле партиските кандидати за претседател, особено што во албанскиот политички блок ДУИ се уште се тактизира меѓу консензуален кандидат и сопствен кандидат.

повеќе.

Loading...
You might also like