Кран пред Владата, вечерва ќе се поставува таблата „Влада на Северна Македонија“

loading...

Откако денеска беше отстранет знакот на кој пишува „Влада на Република Македонија“ ноќеска пред валдата имало паркиран кран кој чекал да ја постави новата табла на која треба да пишува „Влада на Северна Македонија“ , пишуваСкопје 1.мк.

Инаку во текот на денот на платото пред зградата на Владата се извршуваат подготовки за церемонија за подигање на знамето на НАТО, коешто ќе има свое место пред Владата.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден. Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.

Натписот „Влада на Република Северна Република Македонија“, ќе биде поставен на македонски и на албански јазик.

You might also like