Најчевска: Ај сиктер, симнете се од грбачата на граѓаните

Loading...

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук реагираше на денешното вработување на синот на пратеничката Мира Стојчевска во ЕЛЕМ за кој, од компанијата изјавија дека ги исполнувал условите

„Безобразни манипуланти.
воопшто не е прашањето дали синот на госпожата министерка, пардон пратеничка ги исполнувал условите дадени во конкурсот.
Прашањето е зошто баш синот на госпожата министерка, пардон, пратеничка е избран?
Доколку имало еден единствен кандидат кој на еднакво ниво ги исполнувал условите, требало да биде избран тој друг кандидат, а доколку имало некој кој во нешто (макар и најмалото нешто) бил подобар, тогаш тој кандидат морал!!!!!!! да биде избран.
се разбравме?
Или и понатаму ќе не прават будали на здрав мозок.
Ај сиктер бе сите апаши од сите партии. симнете се од грбачата на граѓаните.
Нема бре ни случајно да гласам на наредните избори. макар тоа да значи и враќање на Груевски“ порача Најчевска преку нејзинииот Фејсбук профил.

loading...
You might also like