3та жртва! Почина уште едно дете од морбили

loading...

Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера (10. февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести, кое претходно не било вакцинирано, соопштија денеска од Министерството.

Ова е трета жртва од ова заразно заболување, од кое пред Нова година во Скопје е прогласена и епидемија.

You might also like