Макрадули му се приклучи на Манчевски: Прашајте паталец дека ни знаење, ни искуство не помагаше за вработување

Loading...

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил застана во одбрана на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој изјави дека „10 години членовите на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата“.

„За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време.

Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат.

Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа“, напиша Макрадули.

Loading...
You might also like