Села му се пушти на Џафери: Крв проплукав за да станеш Претседател

loading...

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека е разочаран од односот на Џафери и на ДУИ, и дека Владата нема повеќе морален кребилитет за да владее, затоа што го изгубиле најосновното, а тоа е владеење на правото.

„Сите бевме сведоци на театарот на ДУИ синоќа. На претседателот на Собранието на 27 април не му сметаше кога се избра за собраниски спикер, и зборуваше без микрофони. Синоќа јасно покажа дека е добар актер, и не е својствен да го држи имиџот на првиот претсдател Албанец на Собранието. Тоа место не го заслужува. Со крв го платив неговиот избор за претседател. Владата нема повеќе морален крибилитет за да владее, бидејќи го имаат загубено најосновното, а тоа е правна држава. Ова што се случува е удар врз надежот за правна држава“

You might also like