Нови проблеми во преговорите меѓу Србија и Косово! Нема да ви дадеме ни педа косовска земја

Loading...

-Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово не може да се случи, изјави Тачи во Тирана.

Тачи нагласи дека „никој не може да ги подели Трепча, Митровица и езерото Газивода, ниту да земе еден сантиметар од косовската територија“.

-За поделбата на Косово денес зборуваат оние што му помагаа на Слободан Милошевиќ, рече Тачи, додавајќи дека никој не може да негира дека припојување кон Косово на Прешевската Долина, односно трите општини со мнозинско албанско насление во јужниот дел на Србија – Пришево, Медвеѓа и Бујановац, нема да влијае врз целовитоста на Република Косово.

Loading...
You might also like