Малиот Милош кој до училиште патува со магаре ќе добие бесплатни прегледи

loading...

По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија, реагираше лично министерот Венко Филипче.

Тој најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, бидејќи деветгодишното дете е родено со срцева маана. Откако Милош е опериран пред девет години не направил никаков преглед, бидејќи неговите родители немаат пари.
Семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.
You might also like