Почина Александар, генијалецот математичар и авторот на збирката “Партиски вработена” за која се бараше оставка од Каевски! Да се потсетиме на неговиот лауреат

Loading...

Денеска во Ресен починал Александар Блажевски- Цане, математичарот со контроверзната поезија, објави на својот Твитер профил универзитетската професорка и писателка Јасна Котеска.

-Денес отиде и Цане – Александар Блажевски од Ресен, математичарот со конторверзната поезија… Игор сега ми кажа, напиша Котеска.

Jasna Koteska@JasnaKoteska

Луѓе, почина Продиџи фронтменот слава му.
Денес отиде и Цане – Александар Блажевски од Ресен, математичарот со конторверзната поезија… Игор сега ми кажа.

Што рече студентка денес на час: човековото несвесно верува дека е бесмртно. Сите се насмевнавме.
Сите ќе умреме. Фак.

See Jasna Koteska’s other Tweets

Во почетокот на април минатата година, Блажевски се најде во центарот на јавноста, откако јавно призна дека тој е автор на спорните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“, проект финансиран од Агенцијата за млади и спорт, а чиј е уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

„Признавам дека јас напишав, но тоа се само песни, не се политички колумни ниту обвиненија за конкретни учесници. Тие се само опомена за моралните недостатоци во едно општество, една од најважните цели на литературата, за да биде ангажирана и да има општествена смисла“, изјави тогаш Блажевски.

Александар Блажевски од Јанковец, Ресен, јавно призна дека тој е автор на спорните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“, проект финансиран од Агенцијата за млади и спорт, а чиј е уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

„Признавам дека јас напишав, но тоа се само песни, не се политички колумни ниту обвиненија за конкретни учесници. Тие се само опомена за моралните недостатоци во едно општество, една од најважните цели на литературата, за да биде ангажирана и да има општествена смисла“, вели Блажевски.

Според тоа што тој пишуваше на Фејсбук, Блажевски со песната „Партиски вработена“ им се одмаздува на жените.

„Јас сум лице што неколку пати ‘папал корнишон’ односно иако со најголем академски успех, било елиминирано на универзитетски или администрациски конкурси за вработување, и тоа постојано во корист на женски противкандидатки кои биле партиски вработени. Нели требало да се одмаздам некако, ако не со пушка, барем со песна?“, велеше Блажевски.

Некои го опишуваа Блажевски како генијалец по математика и физика и асоцијална личност.

Loading...
You might also like