Мијалков против Груевски

Loading...

Мијалков против Груевски

Можеби на Мијалков му е лесно да каже дека не е негов стил да бега и дека ќе ја одлежи казната ако Апелација ја потврди пресудата, ако знае дека Превара е тука да му фрли појас за спасување во септичката јама на криминалот, но, сеедно, мене ми се чини дека во тој став Сашо покажува дека кај него функционира некаков морален кодекс, сеедно дали е тоа кодекс врз кој се потпирале неговите криминални ативности или е тоа кодекс кој тие криминални активности не успеале сосема да го уништат. Тоа покажува дека тој не е социопат како неговиот роднина од Будимпешта. Истовремено, со овој став тој морално го нокаутира човекот кој немаше муда да изговори ваква работа, туку претпочиташе да се претвори во говно и да повика во гепек да го однесат преку четири граници, дури до Унгарија. Практично, Мијалков го негира тврдењето дека лежењето затвор во Македонија е животно опасно искуство. Ако може Сашо да лежи, зошто не би можел и Груевски. Не би се изненадил ако тој факт биде земен предвид во идната битка за екстрадиција ако навистина се води со идеја човеколикиот да се врати, а не со идеја да се заебава простиот народ.

Loading...
You might also like