На лидерската средба ќе се разговара и за предвремени парламентарни избори?

Loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека на утрешната лидерска средба со Зоран Заев повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори. Тој потсети дека досега неколкупати бараа предвремени избори, но, како што вели, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати.

Утрешната средба е на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека нa неа ќе се разговара за реформските закони, за иднината на СЈО, за политичкиот прогон и за се она што актуелно и суштински важно за граѓаните.

Loading...
You might also like