Не сум горд, кога Бугарија можеше да се повлече од Евросонг можевме и ние!

Loading...

#Notproud

Не. Не сум горд.

Mожела Бугарија да се повлече од Евросонг. А Македонија не можела. Баш во овој сплет на околности. Не само поради финансискиот аспект кој и тоа како е релевантен изговор. Туку и поради историската одлука за промена на името која на државава и беше вдената во грло.

Земјава тагува.

Народот тагува иако можеби не е очигледно на прв поглед бидејќи овој народ има тагувано историски ехеееее му се има втврднато лицето од тагување. Овој нефер развој би требало да биде доволна причина за културен бојкот на Евро елитата во форма на повлекување од овој настан.

Но не. И овде ми е чудна денешнава наша маленкост. Упорно инсистира да се прави на тошо, на состојба на одрекување на реалноста, на тоа што навистина се случи, на само лоботомизирање. И инсистира да сите се прават дека се е океј дека ништо уствари не се случи. Лансира песна зa Евросонг наречена Гордост баш во периодот кога гордоста на Македонецот е погазена.

Колку чудно. Каков необичен хорор. Ова е дефинитивно нешто ново.

И се ми се чини ко да песната фура некој феминистички мотив, плус се погоди баш вчера да ја гледам на 8-ми Март. И дамите во спотот небаре самолоботомизирани како нивните патрони ако мислат дека ова е феминизам. Сеуште немаат разберено што уствари се случува околу нив, зошто протестите ширум светските метрополи на овој ден се засилуваат. Го немаат разберено валканото присутво што подмолно ја окупира нивната реалност – еден веќе долготраен тренд на целосна елиминација на феминистичкото, на женственото – и како со сета нивна игнорантност го потпомагаат тој тренд, делуваат како алатки на подмолниот стратег.

Најдобар показател за ова е развојот на Француската мода последниве 30 години. Ако златните педесети и шеесети беа олицетворени преку Ив Сент Лорент , модерната ера од 80-те па понатаму се олицетворени преку еден дијаметрално спротивен карактер – Клауд Монтана.

Погледни ги само неговите модни парчиња и спореди ги со овие на Лорент. Лорент ја истакнува секоја ронка на женственост до идеал на божица додека Монтана небаре се обидува да ја издлаби жената од нејзиното тело, да ја убие нејзината женственост и да ја замени со некаква глацијална фашистичка појава, со неговите долги до земја мантили, широки ремени.

Суб-културите праќаат уште појасен сигнал за новиот напад врз идеалот на женственоста, во секој геј бар во модерна метропола ќе видиш мачо батиња напумпани со мускули до не знам каде, со кожа, со латекс, смртно сериозни наспроти опуштениот хумористичен тип со гласно смеење, гракање, деликатни пози со рацете општа флуидност во телесната силуета типичен за хомосексуалецот од Гринвич ерата.

И затоа да не грешат душа денешните девојки и жени во спотот да мислат дека фураат феминизам и Гордост баш во денови кога гордоста ни е еден стварно оскуден ресурс и баш кога женскиот идеал е подло нападнат на невидлив начин.

Озбилно? Па не можеа да изберат побетер период за ваков наслов, било за земјата, било за мотивот на спотот? Убила ме шега боже мој…

Ни фалат ли мозочни ќелии да резонираме одредени ствари или обожаваме да се правиме наудрени, не знам кое е побетер од двете.

Не сум Горд.

Засрамен сум!

Loading...
You might also like